Парк
Голем, осончен и зелен,
клупите лепливи a еден омот од кондом
како да е флуоросцентен.
Во таа до појас голема трева и смет
некој се стекнал со услови за живот
а да не се ни запрашал дали сите му се на број
и дали му се потребни…
…….

Posted in блогосфера, патепис, раскази | 10 Comments »
И ги сакам трепките, рацете …
Сакам да гледам низ прозорецот додека возам.Всушност поглед низ прозорец од секогаш сакам ама кога тој е врамен во движење, тоа е посебно искуство, специјална динамика на која одамна сум се навикнал и која секогаш одново ме возбудува…така, да сакам да влетам во нечиј видокруг или крајолик , а тоа неповикано присуство ми доаѓа како нешто да крадам..хм , узурпатор сум станал, на препад а пак негледам ништо тука непрописно, и се е како што треба и тоа што откинувам парче од нечија приказна додека длабоко во ноќта минувам покрај едни осветлени прозорци прашувајќи се од каде светло во четири часот изутрина , дали е тоа последица на нечија среќа, тага или просто секојдневно..
Сакам кога денот ми е краток мислите километарски …

Posted in образование, патепис, поезија, раскази, љубов | 6 Comments »
Не ги убивајте јагнињата
планината плаче за нив…
Posted in образование, патепис, поезија, раскази, уметност, хоби, љубов | No Comments »
Што сакатае да ви ставам на пост
на пример нешто што досега не сте го прочитале
зашто дождот изми се и сонцето го светнал …
Пари нема…у грчка на шоп !!!

Posted in раскази, религија, сеир, секс, семејство, технологија, уметност, филм | 12 Comments »
Гледам во нејзиниот беспрекорен тоналитет,
како во некој кафез со страшни животни.
Црна маица од која ѕирка сосема малце розе околу вратот.
Потоа, во тој момеент на ух , таа ја соблекува црната и останува во розовата
под која се приметува црно памучно прслуче, градник, како сакате.Секогаш барам
некоја фантазија која ќе ме одржи на тик,так , ретко ја прескокнувам.
Ми се доближи и нежно посегна по мојата множина. Како сте? Се насмевнав
и ја снема струјата во целата улица…

Posted in патепис, поезија, пороци, раскази, уметност | 19 Comments »
Велат сипе, тече, врне кој како научил
комшијата над мене вели му прокиснува
женаму утрото без чадор тропаше со
штиклите по патеката пред зграда
паркингот пред зграда полн со возила
вторник ќе е неработен ден ?!
На блогерај тапа
си купив во тинекс таповадач
имам едно шише црн вранец
ќе го отворам ќе го скапчам
Ми е гајле за дождот ваш…

Posted in блогосфера, образование, патепис, раскази, уметност, хоби | 22 Comments »
Сакам да имам
авторско право
на овој ден.
Не постојат денови како овој
другите се сите нормални.
„“@#;

Posted in блогосфера, литература, лично, патепис, поезија, раскази, љубов | 7 Comments »
Се уште во сеќавање ми е едно морничаво попладне.Беше половината на Новембар месец.Лисјата од гранките беа паднати од обилните дождови а пешачките патеки беа се претвориле во суви наслаги од жолто лисје.Јас и таа излеговме на прошетка, со рацете во џеповите.Владееше потполна тишина и освен шуштењето на лисјата од време на време ќе се слушнеше по некој продорен крик на птица.
-Што толку те окупира, замислен си? Одеднаш ме запраша.
-Ништо особено! Одговорив.
Направи уште неколку чекори пред да седне покрај патеката и повлече дим од цигарата.
- Стално сонуваш кошмарни соништа?
-Да, често сонувам.Најчесто тоа е траума поради автоматот за продазба каде што вметнувам пари а за возврат не добивам ништо!
Се насмеа и ми ја стави раката на коленото, ама брзо ја повлече.
-Не сакаш за тоа да разговараме?
- Не денес. Не ми се разговара!
Ја фрли допола испушената цигара на земја и пазливо ја изгасна со штиклата од чевелот. Две птици до нас одлетаа во облаците под небото…
..
“Мураками“

Posted in образование, општество, патепис, поезија, раскази, љубов | 17 Comments »
април 29, 2012 од tetradil
Гледај како љубовта умира за еден ден,
Гледај како солзите барички стануваат…
Вдиши последен пат битно е да исчезнеш,
Пушти крв од вените, викај додека умираш…
Ох како љубовта умира…
Едноставно ништо не се случува,
Би сакал да умрам, да умрам без причина…
ох како љубовта умира…
..
Ке морам да се нафатам на една конструкција да речеме балетска претстава на Мајсторот и Маргарита по повдод 120 годишнината од раѓањето на Булгаков.Одамна ја читам таа книга и ништо не можам да разберам.
Па ми личи на нешто вака некако:
Posted in култура, литература, музика, општество, патепис, поезија, политика, раскази | 3 Comments »
Човекот што ме воодушеви цело време дека се работи за изветвена фраза..најобична измама..одртавено клише што се вели. Имено ми предочуваше дека,, ако младата љубовница ви го скрши срцето или ако паднете од својот Харли или ако се разочарате во убавиот Буенос Ајрес-ако направите будала од себе-па, мажите тоа одсекогаш го правеле и секогаш ќе го прават. Е тоа нее криза на средното доба, тоа е само најнова глупост во низата на глупости..но слушајќи го понатака така убаво поентираше што кога ќе се сетам за миг …
,,Има и многу средовечни жени кои размислуваат за промени -или за типот од соседната куќичка. На многу им е смачено од работата или од исцедениот средовечен маж и би сакале да играат танго во Буенос Ајрес пред да умрат.И зашто не? Нека букне пламен во нивните очи и немирни удови. Нека го остават мажот. Нека одлетаат во Аргентина . Нека уживаат во секој сендвич. Долго ќе бидат мртви,,

Posted in патепис, поезија, пороци, раскази, љубов | Исклучени коментари